„Спомен плоча“ за кариерата на унгарскиот политичар кој беше фатен во оргија

пред 6 месеци

Импровизирана „спомен-плоча“ во чест на политичката кариера на унгарскиот европратеник Јозеф Сајер е поставена на олукот од бриселската зграда по кој тој бегал откако полицијата изврши упад во станот каде се одвивала геј-оргија, нелегална поради протоколите во врска со коронавирусот.

Плочата е поставена од Унгарци кои живеат во главниот белгиски град.

Покрај фотографијата на Сајер, на унгарски и на англиски јазик стои:

„Политичката кариера на Јозеф Сајер, европратеник Фидес и Еевропската народна партија, заврши тука, кога тој се обиде да им избега на властите користејќи го овој олук откако учествуваше во оргија, со екстази, за време на пандемијата од коронавирус, во петокот на 27 ноември“.

Share

AnimeDao animedao bleach: Watch Dr. Stone (Dub) Episode 14 (https://animedao.nl/m/4x5z/ep-14)

AnimeHeaven black clover anime heaven: Watch Hori-san to Miyamura-kun Episode 4

Scroll to Top