Повлекувањето на украинската армија од Авдеевка покажува дека ситуацијата на фронтот е исклучително тешка, но НАТО продолжува да ја поддржува Украина, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
„Повлекувањето на Украина покажува дека ситуацијата на бојното поле е тешка, но Украинците повторно и повторно ги надминуваат очекувањата, а НАТО останува со Украина“, рече Столтенберг на прес-конференција во Брисел, придружуван од грузискиот премиер Иракли Кобахидзе.
Ова е прва реакција на претставници на НАТО откако Украина ја загуби Авдеевка, јави ТАСС.
Текстот Столтенберг: Повлекувањето на Украина од Авдеевка покажува дека ситуацијата е тешка е превземен од МАКФАКС.