Стравувањата за поскапување на горивата предизвикаа гужви на бензиските пумпи во неколку балкански држави

пред 3 години

Гужви и паника на бензиските пумпи во неколку балкански држави предизвикаа стравувањата за поскапувањето на горивата.

Вчера на бензиските пумпи низ Македонија имаше километарски колони колони неколку часа.  Според информациите, на дел од бензиските пумпи имало забрана да се продава нафтени деривати повеќе од 1.000 денари по возило. Причината, неофицијално е тоа што некои од компаниите сакаат горивото да го продаваат по повисоки цени, бидејќи се очекува драстично зголемување. На социјалните мрежи се појавија и низа критички коментари, а овој потег беше наречен „воено профитерство“.

Надлежните во земјата и денеска смируваа. Од Владата апелираа до трговците со нафта да не ја ограничуваат количината, а граѓаните да не прават резерви гориво.

„Граѓаните не треба да се грижат, нафтени деривати во државата има, трговците редовно набавуваат гориво во согласност со побарувачката“, смирува Владата.

Километарски колони беа забележани и на бензиските пумпи во Србија и Босна и Херцеговина.

„Нова.рс“ пишува дека и утрово по 6 часот наутро почнале да се создаваат редици на бензинские пумпи во Белград.

„Човекот пред мене наточи полн резервоар, а потоа и два канистери“, напиша маж од Белград жалејќи се до медимите на големите гужви.

Србите стравуваат од недостаток на готиво, а српската Влада уверува дека не постојат проблем со снабдувањето со нафтените деривати. На социјалните мрежи во Србија се појавија информации дека одредени снабдувачи ги ограничиле количествата за точење на гориво на 20 литри по автомобил.

Слична е сликата и во Сараево. И таму, граѓаните побрзаа да ги наполнат резервоарите бидејќи се плашат дека горивата ќе поскапат, пишува Кликс.

Додаваат дека некои точеле гориво и во канистри, кои потоа ги однеле со автомобили. Синоќа на некои бензински пумпи пристигнале дополнителни цистерни со гориво поради големата побарувачка, јавува Кликс.

Share
Scroll to Top