Талибанците го уапсија поранешниот претседател на Авганистан

пред 5 години

Талибанците го уапсија поранешниот претседател на Авганистан, Хамид Карзаи. Тој е во куќен притвор, а личното обезбедување му е одземено, пренесуваат светските медиуми.

Талибанците му го одземаа обезбедувањето и на поранешниот премиер Абдула Абдула, кој е на чело на Високиот совет за национално помирување.

Во понеделникот талибанците го конфискуваа оружјето од придружбата на Карзаи и му ги конфискуваа возилата, поради што поранешниот претседател се здружи со својот поранешен ривал на претседателските избори во 2014 година, објави Си -Ен -Ен.

Талибанците ги запленија и автомобилите на политичарите кои во моментов се на милост и немилост на движењето, додаваат медиумите.

Share
Scroll to Top