Таткото на Ѓоковиќ: Со Ноле е целиот свет, ова му значи повеќе од десетина Гренд слемови

пред 3 години

Нов собир за поддршка на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, трет по ред, се одржа денеска пред Собранието на Србија во Белград.

Пред насобраните се обрати таткото на Новак, Срѓан, кој рече дека неговиот син е ментална грамада, дека ја чувствува поддршката и љубовта што ги добива од сите страни и дека, како што кажа, нема да успеат да го скршат.

„Ова веќе не е Австралија опен, сега е ‘затворен’. Народот е со Ноле, целиот свет. И православни, христијани, муслимани, будисти, слушнавте што рече Киријос, па француската министерска… Ова му значи повеќе од освојување на десетина од тие негови Гренд слемови. Видовте каква поддршка доби пред хотелот, за жал тој тоа не можеше да го посведочи, го ставиле да гледа в ѕид, а снимките како мавта се од минатата година. Ќе издржи уште малку“, изјави Срѓан Ѓоковиќ.

„Ако Судот одлучи дека тој мора да замине, ќе ја напушти Австралија. Ако одлучи да остане, ќе остане, но политичарите нема да одлучуваат за најдобрите спортисти на сите времиња“, додаде таткото на тенисерот.

Мајката на Новак, Дијана, им се заблагодари на сите што дошле да го поддржат нејзиниот син по студено време.

„Знам дека не спиете поради него, дека кога игра дури и не готвите. Ве молам, преку молитва да му испратите сила да го надмине она што го снајде во Австралија“, рече Дијана Ѓоковиќ.

Share
Scroll to Top