Тексас забрани абортус по шестата недела од бременоста

пред 3 години

Забраната за абортус во Тексас по шестата недела од бременоста стапи на сила денеска, откако Врховниот суд на САД не одговори на итното барање на групите кои се залагаат за правото на абортус да го блокира законот.

Групите кои се залагаат за правото на абортус велат дека 85 до 90 проценти од абортусите во Тексас се вршат по шестата недела од бременоста, што значи дека законот најверојатно ќе принуди затворање на голем број клиники.

Американската организација „Планирано родителство“ и други даватели на здравствени услуги и гинеколози се обидоа да го оспорат законот пред федералниот суд во Остин во јули, тврдејќи дека го прекршува уставното право на абортус.

Законот, потпишан на 19 мај, е невообичаен по тоа што им овозможува на граѓаните да ги тужат клиниките за абортус и секој што помага или охрабрува абортус по шестата недела. Граѓаните кои ќе победат во такви тужби може добијат најмалку 10.000 долари.

Share
Scroll to Top