Ајкула уби тинејџер: телото на младиот човек е извлечено од водите кај Австралија

Тинејџер сурфал со својот татко, па бил убиен од голема бела ајкула

пред 2 години

Каи Каули бил нападнат од голема бела ајкула додека сурфал со својот татко на плажата Етел на полуостровот Јорк, западно од неговиот роден град Аделаида, соопштија властите.

Тој бил извлечен на брегот, но итните служби не успеале да го оживеат.

Претходно, сурфери умреа во напади на ајкули во оддалечените делови на Јужна Австралија во мај и октомври и нивните тела никогаш не беа пронајдени.

Премиерот на Јужна Австралија, Питер Малинаускас, рече дека имало 11 фатални напади на ајкула во водите од 2000 година.

„Фактот дека три од тие смртни случаи се случиле од мај е зачудувачки и загрижувачки“, изјави тој за „Најн нетворк“.

 

 

Текстот Тинејџер сурфал со својот татко, па бил убиен од голема бела ајкула е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top