Пет тинејџери се удавија во отворени води во Велика Британија и Ирска за време на овонеделниот незапаметен мајски топлотен бран.
Кралската национална институција за спасување (RNLI) веднаш издаде сериозно предупредување за големиот ризик од капење во отворени води. Овие трагедии доаѓаат по пет дена со необично топло време, при што во вторникот беше забележан најтоплиот мајски ден во историјата на земјата.
Дванаесетгодишно момче го загуби животот во вторникот откако се соочи со проблеми додека пливаше со пријателите во река. Неговото тело беше извлечено истиот ден околу 19:50 часот.
Во вторникот наутро во близина на Шефилд беше извлечено тело на тинејџер кој исчезна во водата во понеделникот вечерта. Претходно, во неделата, беа пронајдени телата на момче кое паднало во езеро во Линколн, како и на 13-годишно момче кое настрада по скок во вода кај брана во Западен Јоркшир.
Во округот Даблин во Ирска, уште еден тинејџер го загуби животот додека пливал во морето во текот на викендот.
Освен петте тинејџери, во неделата попладне во Девон и Корнвол почина и маж во своите 60-ти години. Тој доживеал срцев удар откако влегол во морето на плажата Трегирлс за да им помогне на двајца членови на своето семејство кои се соочувале со проблеми во водата.
Текстот Трагедија во Британија и Ирска: Пет тинејџери се удавија за време на рекордниот топлотен бран е превземен од МАКФАКС.




