Трамп бара од Врховниот суд да интервенира околу забраната за кандидатура во Колорадо

Трамп бара од Врховниот суд да интервенира околу забраната за кандидатура во Колорадо

пред 10 месеци

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп поднесе жалба до Врховниот суд за поништување на забраната за гласање во Колорадо. Трамп вчера побара од Врховниот суд на САД да интервенира откако највисокиот суд во Колорадо му забрани да биде на републиканските претседателски ливчиња за неговата улога во нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година.

Трамп, фаворит за претседателска номинација на републиканците во 2024 година, ја оспорува одлуката на Врховниот суд во Колорадо од 19 декември, која го дисквалификуваше според уставната одредба со која се забранува секој што „се вклучил во бунт“ да извршува јавна функција.

Врховниот суд во Колорадо претходно ја одложи својата одлука до 4 јануари, велејќи дека Трамп ќе остане на гласачкото ливче доколку поднесе жалба. Таа пресуда се однесува само на прелиминарните избори во март, но исто така може да влијае на позицијата на Трамп за општите избори во ноември.

Текстот Трамп бара од Врховниот суд да интервенира околу забраната за кандидатура во Колорадо е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top