Трамп ги зголемува новите царини од 10 на 15%

Трамп ги зголемува новите царини од 10 на 15%

пред 4 часа

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ќе воведе глобални царини од 15%, продолжувајќи да се спротивставува на одлуката на Врховниот суд со која се укинати неговите претходни царини за увоз.

Трамп во петокот изјави дека ќе ги замени царините што ги укина судот со данок од 10% на сите стоки што влегуваат во САД.

Но, сега на „Truth Social“ тој објави дека ова ќе се зголеми на 15%.

Новите царини ќе стапат на сила во вторник, 24 февруари, и можат да останат на сила само околу пет месеци пред администрацијата да мора да побара одобрение од Конгресот.

Текстот Трамп ги зголемува новите царини од 10 на 15% е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top