Трамп го поминува својот последен ден во Белата куќа

пред 4 години

Во речиси напуштената Бела куќа, опкружен со голем број припадници на безбедносни служби, досегашниот претеседател на САД, Доналд Трамп го поминува својот последен ден.

Времето го поминува издавајќи бројни помилувања. Се очекува Трамп да помилува околу 100 луѓе, а меѓу нив ќе се најдат и лица кои целосно се непознати на јавноста, но поминале долги години во затвор.

Според сознанијата на АП од извори блиски до Белата куќа, Трамп ја снимил својата проштална порака, која ќе биде емитувана во пресрет на утрешниот собир во воената база Ендрјуз, на Флорида.

Исполнет со лутина и жалење поради поразот на претседателските избори, Трамп не се појавил во јавноста од минатиот вторник, кога отпатува во Тексас и таму им дозволи на медиумите да го фотографираат и снимаат за време на посетата на граничниот ѕид кон Мексико.

Западното крило на Белата куќа, каде се наоѓа Овалната соба, Рузвелтовата соба и други претседателски кабинети, како и врвот на администрацијата на претседателот на САД, денеска е целосно испразнето.

Share
Scroll to Top