Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба за преименување на езерото Онтарио во Езеро Америка. Тоа е неговиот последен потег во услови на напнатиот трговски спор со Канада.
„Долго време размислував за името ‘Езеро Америка’“, рече Трамп од Овалната соба. „Имаме залив, имаме езеро. Сега ни треба само океан. Можеби ќе треба да го преименуваме Атлантскиот Океан или Тихиот Океан, можеби и двата.“
Трамп беше опкружен со големи мапи на Големите езера и рече дека промената на името стапува на сила веднаш.
Еден помошник во Белата куќа тврдеше дека „поголемиот дел од езерото е во САД“ и дека „најдлабоките делови“ се на територијата на САД.
Кога го прашаа зошто се фокусира на провоцирање на сојузниците на Америка, Трамп одговори: „Канадските службеници се однесуваа многу лошо кон нас. Тие се ужасни луѓе“. Додаде дека со Канаѓаните е најтешко да се преговара за трговија и ги нарече суетни.
Канада не е должна да ги признава промените на имињата направени од други земји, а тамошните службеници претходно ја отфрлија идејата. „Секогаш ќе го нарекуваме езеро Онтарио“, изјави во вторникот министерката за индустрија Мелани Џоли.
Трамп потпиша сличен декрет откако ја презеде функцијата во 2025 година, кога го преименуваше Мексиканскиот Залив во „Американски Залив“. Мексико ја отфрли промената со аргументот дека една земја не може еднострано да го промени името на заедничките меѓународни води. Ова потоа предизвика спор меѓу Мексико и Google, кој го ажурираше името на заливот на своите мапи.
фото/ЕПА
Текстот Трамп го преименува езерото Онтарио во Америка е превземен од МАКФАКС.




