Трамп: Ова е одлично време да се збогатите

Трамп: Ова е одлично време да се збогатите

пред 6 месеци

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска им рече на инвеститорите дека, во услови на превирања на пазарот предизвикани од неговото наметнување на нови царини ширум светот, сега е вистинското време за инвестирање во Соединетите Американски Држави.

„За многуте инвеститори кои доаѓаат во САД и инвестираат огромни суми пари – моите политики никогаш нема да се променат. Ова е одлично време за збогатување и повеќе од кога било досега!“, објави Трамп на платформата Truth Social.

Изјавата на Трамп доаѓа во време кога светските пазари се во пад поради ескалацијата на трговската војна меѓу САД и Кина, а клучните берзански индекси во Лондон, Франкфурт и Њујорк бележат значителни загуби.

Текстот Трамп: Ова е одлично време да се збогатите е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top