Трамп: Прашањето е дали Нетанјаху сака да ја продолжи својата политичка кариера

Трамп: Прашањето е дали Нетанјаху сака да ја продолжи својата политичка кариера

пред 4 часа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е „отворено прашање“ дали израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху (76) сака да ја продолжи својата политичка кариера.

Трамп изјави за „ABC News“, кога го прашаа дали Нетанјаху ќе учествува на претстојните избори во Израел, дека не знае и дека „се прашува дали Биби воопшто сака да продолжи“.

„Тој имаше неверојатна кариера. Дали сака да продолжи? Затоа што, знаете, тој е премиер во воено време. Многу брзо ќе ја добиеме оваа војна, на еден или друг начин, а тој е премиер во воено време. Отворено прашање е дали Нетанјаху повторно ќе се кандидира“, рече Трамп.

Фото: ЕПА

Текстот Трамп: Прашањето е дали Нетанјаху сака да ја продолжи својата политичка кариера е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top