Трамп, Путин и Шjи постигнаа договор за четири прашања, меѓу нив и нуклеарното оружје

Трамп, Путин и Шjи постигнаа договор за четири прашања, меѓу нив и нуклеарното оружје

пред 1 час

Американскиот претседател Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Ши Џинпинг објавија заедничка изјава по трилатералната средба во Шенжен. Тие се договорија за соработка во реформата на Обединетите нации, зголемување на снабдувањето со нафтени деривати и намалување на нуклеарните ризици.

Посебно внимание привлекува делот од изјавата што се однесува на Меѓународниот кривичен суд (МКС), кој во 2023 година издаде налог за апсење на Путин. Тројцата претседатели порачаа дека судовите мора да го почитуваат имунитетот на државните функционери и не смеат да ги злоупотребуваат своите овластувања.

Што договорија?

1. Реформа на ОН

Како постојани членки на Советот за безбедност на ОН, САД, Русија и Кина се обврзаа да се залагаат за реформа на организацијата, со цел таа поефикасно да одговара на глобалните предизвици и да ја исполнува својата основна задача за зачувување на меѓународниот мир и безбедност.

2. Нафта и енергенти

Трите држави планираат да го зголемат производството и снабдувањето со рафинирани нафтени деривати во корист на сите земји. Тие ја потврдија и важноста на стабилното снабдување со енергенти. Договорот доаѓа и покрај меѓународните санкции за продажба на руска нафта.

3. Меѓународен кривичен суд

Тројцата претседатели истакнаа дека принципот на согласност на државите и почитувањето на имунитетот на државните функционери се од исклучителна важност. Тие порачаа дека Меѓународниот кривичен суд и сличните тела не смеат да ја злоупотребуваат својата надлежност.

4. Нуклеарно оружје

Тие потврдија дека во нуклеарна војна никој не може да победи и дека таква војна никогаш не смее да се води. САД, Кина и Русија ќе го продолжат дијалогот за намалување на нуклеарните ризици и спречување на ширењето на нуклеарното оружје.

Текстот Трамп, Путин и Шjи постигнаа договор за четири прашања, меѓу нив и нуклеарното оружје е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top