Трамп: САД на крајот ќе го преземат збогатениот ураниум на Иран

Трамп: САД на крајот ќе го преземат збогатениот ураниум на Иран

пред 2 часа

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека САД на крајот ќе ги преземат залихите на високо збогатен ураниум на Иран, и покрај пораките од Техеран дека Иран нема да го предаде материјалот.

„Ќе го преземеме. Не ни треба, не го сакаме. Веројатно ќе го уништиме кога ќе го преземеме, но нема да им дозволиме да го задржат“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа, објави Ројтерс.

Според проценките на американските претставници, Иран поседува повеќе од 400 килограми високо збогатен ураниум, за кој Трамп тврди дека е закопан по воздушните напади на САД и Израел извршени пред речиси една година врз иранските нуклеарни постројки.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, претходно денес нареди збогатениот ураниум што е блиску до нивото на нуклеарно оружје да остане во Иран, наместо да се пренесува во странство како дел од договорот за завршување на војната меѓу Соединетите Американски Држави и Израел против Иран, објави Ројтерс денес, повикувајќи се на неименувани високи извори во Иран.

Минатата недела, Трамп навести дека би можел да ја прифати можноста околу 440 килограми високо збогатен ураниум да останат закопани под иранските нуклеарни постројки погодени од американските воздушни напади минатата година.

Текстот Трамп: САД на крајот ќе го преземат збогатениот ураниум на Иран е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top