Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа им посака среќен Божиќ на сите, вклучувајќи ги и радикалните левичари, алудирајќи на своите демократски противници.
„Среќен Божиќ на сите, вклучувајќи го и радикалниот левичарски олош кој прави сè што може за да ја уништи нашата држава, но во тоа целосно потфрла“, порача републиканскиот претседател, по што ги наброја успесите на својот мандат.
„Повторно нè почитуваат, можеби како никогаш досега. Боже, благослови ја Америка!!!“, додаде Трамп.
Во категоријата „радикална левица“, со својот остар стил, Трамп често ги вклучува сите демократи и политички противници. Тој божиќните празници ги поминува во својата резиденција на Флорида.
Фото: Depositphotos
Текстот Трамп: Среќен Божиќ на сите, дури и на лошите радикални левичари е превземен од МАКФАКС.






