Ужасен руски напад врз Украина: Осум мртви, 11 ранети

Ужасен руски напад врз Украина: Осум мртви, 11 ранети

пред 58 минути

Во руските напади врз Дњепропетровската област синоќа загинаа осум лица, а беа повредени единаесет. Руските сили вчера нападнаа три области речиси 30 пати, објави Украинска правда.

Нападнати се Криви Риг, Синелниковски и Никополски области
Во Криви Риг загинаа две лица, 65-годишна жена и 43-годишен маж, додека четири лица беа повредени, вклучувајќи и деветмесечно бебе. Тројца од повредените се хоспитализирани, од кои 50-годишен маж е во критична состојба.

Во Синелниковскиската област, во населбата Дубовики, загинаа четири лица, а тројца беа ранети. Две лица ги загубија животите во населбата Николаевка. Населба е административна единица во Украина што означува село, неколку села или град со свои области.

Округот Никопол, исто така, беше цел на напад.

„Градот Никопол, како и селата Марханец, Мирове, Покровске и Червонохрихоровка во Никополската област, беа нападнати. Инфраструктурни објекти, куќи и автомобили беа оштетени. Три лица беа повредени. Едно 16-годишно момче е хоспитализирано во умерена состојба. Уште едно 16-годишно момче и еден 21-годишен маж се на амбулантско лекување“, изјави Олександр Ханжа, началник на Воената администрација на Дњепропетровск.

Ханжа и Микола Лукашук, началник на Регионалниот совет на Дњепропетровск, потврдија дека серија напади врз поширокото подрачје на регионот започнале по 20 часот.

Текстот Ужасен руски напад врз Украина: Осум мртви, 11 ранети е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top