Украинскиот парламент гласаше за воведување вонредна состојба поради страв од општа руска инвазија. Вонредната состојба ќе започне на полноќ.
Парламентот го одобри декретот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за воведување на мерката за 30 дена од четврток. Вонредната состојба им дозволува на властите да воведат ограничувања на движењето, да блокираат собири и да забрануваат политички партии и организации „во интерес на националната безбедност и јавниот ред“.
Овој потег уследи откако рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот ја призна независноста на бунтовничките региони во источна Украина, каде што повеќе од 14.000 луѓе загинаа во речиси осумгодишниот конфликт. Путин го одобри распоредувањето на руските војници во регионот за да одржи мир и доби одобрение од парламентот за употреба на воена сила надвор од земјата.