Украина: Имаме правило – не верувај во она што го слушаш, верувај во она што го гледаш

пред 3 години

Дел од силите од руските воени области во соседството на Украина се враќаат во своите бази по завршувањето на вежбите, соопшти руското Министерство за одбрана, потег што може да ги намали тензиите меѓу Москва и Западот.

Руските новински агенции го цитираа министерството дека иако продолжуваат големите вежби низ земјата, некои единици од јужниот и западниот воен округ ги завршија своите вежби и почнаа да се враќаат во базата.

На овие тврдења реагираше Украина.

„Ќе им веруваме на наводите за повлекување на Русија кога тоа и ќе го видиме. Русија мора да ги повлече сите свои преостанати сили од заедничката граница на земјите“, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

„Имаме правило: не верувај во она што го слушаш, верувај во она што го гледаш“, им рече тој на новинарите по извештаите дека некои руски војници се враќаат во базата.

„Кога ќе видиме повлекување, ќе веруваме во деескалација“, нагласи Кулеба.

Share
Scroll to Top