Украина со одговор на Лавров: Москва сака да го оттргне вниманието од настаните во Буча

пред 3 години

Членот на украинскиот преговарачки тим Михаил Подољак одговори на критиките на рускиот министер за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, кој претходно денеска изјави дека Киев отстапил од одредбите утврдени на средбата во Истанбул.

Подољак ги отфрли тврдењата на Лавров дека Киев му доставил нацрт мировен договор кој отстапува од предлозите за кои претходно се договориле двете страни.

Во писмена изјава за Ројтерс, Подољак рече дека Лавров не бил директно вклучен во преговорите и дека неговите изјави се од „чисто пропагандно значење“.

Тој рече дека Москва сака да го оттргне вниманието од настаните во Буча, каде, според Украина, руските војници извршиле воено злосторство и убиле цивили, пренесуваат медиумите во светот.

„Така треба да се гледа на секоја ваква изјава“, изјавил Подољак.

Share
Scroll to Top