Украинската разузнавачка служба соопшти дека Белорусија покажува „подготвеност директно да учествува во руската инвазија“.
Тие потсетуваат дека Минск веќе и дозволува на Русија да ја користи нејзината територија, „бидејќи им дозволува да ја преминат границата од тој правец кон Украина“, изјави денеска претставник на украинската влада за Си-Ен-Ен.
Друг извор близок до украинската влада изјави за Си-Ен-Ен дека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден исто така му кажала на Киев дека Белорусија се подготвува за напад.