Европската Унија е подготвена да ја поддржи изградбата на железничка пруга меѓу Белград и Северна Македонија, најави денес во Брисел претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лјен, по разговорите со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
„Разговаравме за борбата против пандемијата на Ковид-19, за економското закрепнување, за пристапниот процес во кој сакаме да видиме продолжување на позитивните случувања во областа на владеењето на правото, за дијалогот помеѓу Белград и Приштина, како и за пругата меѓу Белград и Северна Македонија, која сме подготвени да ја поддржиме“, рече Фон дер Лаен на својот профил на „Твитер“.
Glad to meet @predsednikrs. We discussed:
• Fight against #COVID19
• Economic recovery
• Accession process where we need to continue to see positive developments in Rule of Law
• Belgrade-Pristina dialogue
• Belgrade-North Macedonia railway which we are ready to support pic.twitter.com/Hi4i6Mol9V— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) April 26, 2021
Таа додаде дека е задоволна што денес се сретна со Вучиќ во Брисел.
Во пресрет на разговорите со Фон дер Лаен, претседателот на Србија најави можност за договор за еден од најголемите инфраструктурни проекти што целосно ќе ја промени Србија.