Две лица се повредени во руски напад што беше извршен синоќа со беспилотни летала врз Киев. Остатоци од беспилотните летала предизвикаа штета на станбени згради и автомобили во неколку градски области, објави Националната полиција на Украина.
Според првичните информации, пријавен е пожар и едно лице е повредено.
Полицијата објави дека во областа Соломијански, остатоците од беспилотното летало ги оштетиле фасадите и ги скршиле прозорците на четири повеќекатници.
„79-годишна жена е повредена и однесена во болница. 89-годишна жена е хоспитализирана на местото на настанот“, се вели во соопштението.
Во областа Дарницки, остатоци од беспилотно летало ја оштетиле фасадата на станбена зграда.
На паркинг во областа Оболонски, два автомобила се запалиле откако паднале остатоци од беспилотно летало.
Дрон удри во покривот на деловна зграда во Шевченковскиот округ. Пожарот што произлезе од него е изгаснат.
„Истражните и оперативните тимови, деминерите и службите за итни случаи работат на местото на настанот. Полицијата ги документира последиците од руските воени злосторства“, соопшти полицијата.
Текстот (Фото/видео) Руски беспилотни летала го нападнаа Киев, две жени повредени, неколку станбени згради оштетени е превземен од МАКФАКС.






