Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора во Австралија.
„Со голема тага дознавме дека нашиот играч Ден Елкајам беше трагично и бесмислено убиен во масакрот на плажата Бонди. Ден – 27-годишен Французин од еврејска вероисповед – живееше со својата девојка во источните предградија. Го обожаваше австралискиот начин на живот.
Фудбалот му беше страст – заедно со поминувањето време на плажа и дружењето со пријателите. Неговото насмеано лице и почитувачката природа многу ќе им недостигаат на неговите соиграчи и на сите што го познавале. Се молиме за него и за неговото семејство“, објави клубот.
Текстот (Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија е превземен од МАКФАКС.






