Франција предупреди: Напади врз цивилна инфраструктура би биле кршење на меѓународното право

Франција предупреди: Напади врз цивилна инфраструктура би биле кршење на меѓународното право

пред 4 часа

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро предупреди дека нападите врз иранската цивилна инфраструктура, со кои се заканува Доналд Трамп, би претставувале кршење на меѓународното право и би довеле до ескалација и одмазда.

„Ако сите се изјаснуваме против напади врз цивилна и енергетска инфраструктура, тоа го правиме првенствено затоа што тие се исклучени според правилата на војување и меѓународното право, а второ затоа што во случај на војна во Иран тие несомнено ќе доведат до нова фаза на ескалација и мерки на одмазда“, рече Баро.

Тој предупреди дека такви потези би го втурнале регионот и светската економија во „зачаран круг“.

„Во моментов доживуваме брз раст на цените на горивата. Ако енергетската инфраструктура во Иран биде нападната, може да се очекуваат мерки на одмазда од иранскиот режим што дополнително би ја влошиле веќе загрижувачката ситуација“, додаде Баро.

Трамп претходно се закани со „целосно уништување“ на иранската цивилна инфраструктура и постави рок за договор до вторник во 20 часот по американско време.

Во пресрет на истекот на рокот, иранските медиуми известиле за напади врз транспортната мрежа во земјата, при што биле погодени железнички мостови и автопати.

Текстот Франција предупреди: Напади врз цивилна инфраструктура би биле кршење на меѓународното право е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top