Франција ќе ги отвори ноќните клубови во јули

пред 3 години

Француската влада планира да дозволи отворање на ноќни клубови во јули, изјави денеска францускиот министер за здравство Оливие Веран.

Ноќните клубови во Франција не работат од првото затворање на земјата поради Ковид-19 во март 2020 година, објави „Ројтерс“.

Веран рече дека владата работи на безбедносни протоколи за повторно отворање, а деталите ќе бидат објавени следната недела, откако претседателот на Франција, Емануел Макрон, на почетокот на овој месец изјави дека одлуката за работата на ноќните клубови ќе биде донесена на 21 јуни.

„ Се очекува ноќните клубови повторно да бидат отворени во јули со одредени барања“ рече Веран за француската телевизија БФМ.

Тој не даде точен датум.

Повеќе од 100 ноќни клубови од 1.600 во Франција се трајно затворени поради пандемијата на коронавирусот, соопшти унијата за угостителство УМИХ.

Share
Scroll to Top