Француската полиција брка маж кој му го пресекол грлото на пензионер во близина на црква

пред 4 години

Француската полиција почна потрага по напаѓачот, кој му го пресекол грлото на пензионер во близина на црква во Монпелје.

Локалните медиуми јавуваат дека жртвата е 75-годишен маж за чиј живот се борат лекарите, пренесува „Спутник“.

Нападот се случил во 11.30 часот по локално време, а жртвата била пронајдена во локва крв.

Според неофицијални информации, полицијата блокирала повеќе делови од градот.

Share
Scroll to Top