Хари и Ендру нема да присуствуваат на настанот на балконот на Бакингемската палата

пред 2 години

Кралицата Елизабета планира следниот месец да присуствува на големите прослави по повод нејзиниот платинест јубилеј, 70 години на британскиот трон, соопшти денеска Бакингемската палата.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Се наведува и дека двајца членови на кралското семејство, принцовите Ендру и Хари, ќе бидат исклучени од еден од традиционалните настани по тој повод, пренесува Ројтерс.

Кралицата Елизабета, во февруари прослави седум децении на тронот, а на почетокот на јуни оваа прослава кулминира со четиридневниот викенд „Платина јубилеј“ во Велика Британија.

Елизабета (96) има проблеми со движењето, а повеќето нејзини јавни ангажмани мораше да бидат откажани, но Бакингемската палата објави дека кралицата планира да биде на бројни настани, наведува британската агенција.

„Нејзиното височество со нетрпение го очекува викендот и ќе учествува на прославата, но нејзиното присуство нема да биде потврдено додека не се приближи времето, па дури и самиот тој ден“, изјави портпаролот на палатата.

Четирите дена на прославување започнуваат на 2 јуни со годишна воена парада во центарот на Лондон, по што ќе следи служба за Денот на благодарноста во катедралата Свети Павле, концерт пред Бакингемската палата и свечена поворка во британската престолнина во наредните денови.

Една од карактеристиките на овие настани е собирањето на кралското семејство кое гледа и мавта од балконот на палатата, наведува Ројтерс.

Но, кралицата одлучила ниту нејзиниот син принцот Ендру ниту внукот принцот Хари, кој дал оставка од јавната функција, да не бидат на балконот.

„По внимателно разгледување, кралицата одлучи дека овогодинешниот традиционален настап на балконот ќе биде ограничен на нејзиното височество и на оние членови на кралското семејство кои моментално преземаат службени јавни должности во име на кралицата“, изјави портпаролот на палатата.

Принцот Хари и неговата сопруга Меган најавија дека ќе присуствуваат на прославите по повод 70-годишнината од тронот на кралицата Елизабета во јуни, соопшти денеска неговиот портпарол.

„Принцот Хари и Меган, војводата и војвотката од Сасекс, се возбудени и почестени што присуствуваат на платинестиот јубилеј на кралицата со нивните деца овој јуни“, се вели во соопштението на портпаролот, пренесе Ројтерс.

Share
Scroll to Top