„Подобро да не даваш ветувања, ако не си во позиција да ги исполниш“ вели екс-премиерот на Грција Алексис Ципрас во интервју за „Euroactiv“. Тој ова го рече во врска со европската перспектива на земјите од регионот и позицијата на ЕУ за Западен Балкан.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Одлуката на Европската Унија, на Самитот ја потврдува некредибилноста на Европа кон оние земји кои направија многу важни чекори и континуирано се одложува перспективата за датум за пристапни преговори. Подобро да не даваш ветувања, ако не си во позиција да ги исполниш“ – рече Ципрас.
За кандидатурата на Украина, смета дека овој статус не значи ништо и земјата може да остане да чека со години.
„Мислам дека ова е уште еден пример за неспособноста на Европската унија во целина да носи колективни одлуки со стратешки фокус. И мислам дека веќе плаќа за тоа и ќе го плати во иднина“ рече Ципрас меѓудругото.
За ЕУ перспективата на регионот Ципрас вели дека „сигурно Договорот од Преспа не беше џабе, бидејќи е договор што го врати Западен Балкан на патека на стабилност и нашиот регион во перспектива на мир и соработка далеку од влијанијата на третите сили во регионот, како што се Турција и Русија, кои имаа големо влијание на регионот“.