Црна Гора: Маските не се задолжителни во училиштата, трговските центри и спортските сали

пред 3 години

Црногорската министерка за здравство, Јелена Боровиќ-Бојовиќ, изјави дека заштитните маски нема да бидат задолжителни во училиштата, трговските центри и спортските сали, туку ќе бидат само препорака.

Како што рече, од четврток, кога ќе бидат објавени новите мерки, маските ќе бидат задолжителни во здравствените установи, колективното сместување и јавниот превоз.

Министерката рече дека епидемиолошката состојба е многу поповолна, но граѓаните треба да бидат внимателни.

„Короната неколку пати непријатно не’ изненади. Состојбата во моментов е поволна и стабилна. Имаме значителен пад на бројот на пациенти на дневна основа и пад на хоспитализирани“, рече Боровиќ-Бојовиќ и додаде дека училишниот час ќе продолжи да трае 30 минути, јавува Радиотелевизија Црна Гора.

Share
Scroll to Top