Вицепремиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, на својот профил на „Твитер“ напиша дека на седницата на Владата на Црна Гора штотуку е усвоен пакет рестриктивни мерки против Русија.
Абазовиќ им се заблагодари на сите министри, на Владата, на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, на НАТО и на Делегацијата на Европската Унија во Црна Гора за соработката.
Upravo usvojen paket restriktivnih mjera prema Rusiji!
Hvala svim ministrima na saradnji!@VladaCG@jensstoltenberg@NATO @EUAmbME
— Dr Dritan Abazovic (@DritanAbazovic) April 8, 2022
Црногорската влада неколку пати се обиде да воведе санкции кон Русија, а на една од седниците дури и речиси доје до физичка пресметка меѓу Кривокапиќ и министерот за надворешни работи Јоргос Радуловиќ.