ЦРТА: Студентската листа освои 51,47 отсто од гласовите, листата на Вучиќ 40,42 отсто

ЦРТА: Студентската листа освои 51,47 отсто од гласовите, листата на Вучиќ 40,42 отсто

пред 11 часа

Студентската листа освоила 51,47 отсто од гласовите на изборите во Србија, додека листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ добила 40,42 отсто, соопшти вечерва програмскиот директор на ЦРТА, Раша Неделков.

Според податоците што ги презентираше Неделков, ниту една друга изборна листа не го поминала изборниот праг, со исклучок на листите на малцинствата.

Невалидни биле 1,55 отсто од гласачките ливчиња.

Неделков порача дека граѓаните имаат право да слават, но ги повика тоа да го прават достоинствено.

Текстот ЦРТА: Студентската листа освои 51,47 отсто од гласовите, листата на Вучиќ 40,42 отсто е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top