Четворица израелски војници загинаа по напад врз тенк во јужен Либан

Четворица израелски војници загинаа по напад врз тенк во јужен Либан

пред 2 часа

Израелската армија соопшти дека четворица нејзини војници загинале во борбите во јужен Либан, откако засега неидентификуван објект погодил тенк во близина на селото Тебнит.

Меѓу загинатите е и потполковникот Дор Гедалија Бен Симхон (32), командант на 52. баталјон на 401. оклопна бригада. Околностите под кои бил погоден тенкот сè уште се истражуваат.

Од израелската војска соопштија дека семејствата на загинатите се известени, додека имињата на останатите тројца војници засега не се објавени. Бен Симхон бил татко на две деца и потекнувал од семејство со долга воена традиција.

Текстот Четворица израелски војници загинаа по напад врз тенк во јужен Либан е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top