Дневната бројка на новозаразени случаи со коронавирус во Австралија денеска надмина 1.000 лица, за прв пат од почетокот на глобалната пандемија, а две големи болници во Сиднеј поставија шатори за итна помош за да згрижат нови пациенти.
Сиднеј, најголемиот град во земјата и епицентарот на тековната епидемија, се бори да го потисне растот на новозаразени со коронавирусот, а бројот на дневна основа достигнува рекордни нивоа дури и по двомесечниот карантин, пренесуваат агенциите.
Австралиската држава Нов Јужен Велс, пријави 1.029 нови локално пренесени случаи, надминувајќи го претходниот рекорд од 919 регистрирани претходниот ден.
Наглиот пораст на бројот на пациенти со „Ковид-19“ принуди две болници во Сиднеј, Вестмид и Блектаун, да постават шатори за преглед на пациенти и примена на терапија.
Од 116 лица на интензивна нега во Нов Јужен Велс, 102 не се вакцинирани.
Освен Сиднеј, вториот по големина град во земјата, Мелбурн и главниот град Канбера, исто така се под строго заклучување, а повеќе од половина од 25 -те милиони жители на Австралија се под строга наредба да останат дома.