Швајцарија го прошири списокот на санкции против Русија за да вклучи дополнителни мерки, кои неодамна ги усвои ЕУ, соопшти денеска владата на земјата.
Повикувајќи се на пакетот антируски санкции усвоен од ЕУ на 24 јуни, швајцарското Министерство за економија објави дека ќе воведе санкции против дополнителни 69 физички лица и 86 субјекти, пренесува „Ројтерс“.
„Овие санкции главно се насочени кон бизнисмени, пропагандисти, припадници на руските вооружени сили и судство, лица одговорни за депортацијата на украинските деца и членови на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ)“, се вели во соопштението додавајќи дека во моментот повеќе од 2.200 физички и субјекти се опфатени со санкции.
Текстот Швајцарската влада ја прошири листата на санкции против Русија е превземен од МАКФАКС.






