Шведска: Наместо „Астра зенека“, друга вакцина како втора доза

пред 5 години

Швеѓаните помлади од 65 години, кои примиле една доза на вакцината против коронавирус од „Астра зенека“, како втора доза ќе примат вакцина од друг прозиводител, објави денеска Шведската здравствена агенција.

„На лицата под 65-годишна возраст, кои веќе примиле доза од ‘ваксзеврија’ (што е новото име на вакцината oд ‘Астра зенека’), треба да им се понуди втора доза од друга таканаречена mRNA вакцина како што е онаа на ‘Фајзер’ / ‘Бионтек’ или ‘Модерна’“, посочи здравствената агенција во соопштението, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Share
Scroll to Top