Во експлозија во фабрика за петарди во индиската држава Химачал Прадеш загинаа шест жени, а 13 се повредени, соопшти полицијата.
Шест жени загинале рано утринава во индиска фабрика за петарди, додека 13 лица се повредени, се наведува во соопштението.
Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата во северниот дел од Индија, а истрагата е во тек, јавува „Ројтерс“.
Полицијата соопшти дека истражува дали фабриката имала работна дозвола.