Шефот на полската дипломатија: Трамп е посветен на НАТО

Шефот на полската дипломатија: Трамп е посветен на НАТО

пред 3 дена

Американскиот претседател Доналд Трамп останува посветен на членот 5 од НАТО за колективна одбрана и ќе присуствува на самитот на НАТО во јуни во Хаг, изјави денеска на новинарите во Брисел полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски.

Безбедносната политика на Трамп во Европа предизвика сомнеж, а многумина се прашуваат дали САД ќе им помогнат во случај на напад, со што се доведува во прашање посветеноста на Вашингтон на принципот на колективна одбрана.

Сепак, на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел, американскиот државен секретар Марко Рубио во четвртокот им рече на сојузниците дека Вашингтон останува посветен на западната воена алијанса, но дека се очекува тие да потрошат повеќе за одбраната и дека ќе им биде дадено време да го сторат тоа.

На прашањето дали верува дека САД се уште се подготвени да ги бранат териториите на земјите од НАТО, Сикорски одговори потврдно.

„Да, претседателот Трамп им го потврди тоа на лидерите. Тоа е сепак точно и колку што слушаме, претседателот Трамп ќе присуствува на самитот во Хаг“, рече Сикорски.

Лидерите на земјите од НАТО се состануваат во Хаг од 24 до 26 јуни.

Текстот Шефот на полската дипломатија: Трамп е посветен на НАТО е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top