Шолц: Интеграцијата на Северна Македонија, БиХ, Црна Гора, Србија, Албанија и Косово е во наш интерес

пред 3 години

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека ќе отпатува на Западен Балкан пред состанокот на Европскиот совет следниот месец, носејќи ја пораката дека регионот и припаѓа на Европската Унија, пренесува Ројтерс.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Шест земји од Западен Балкан со аспирации за членство во ЕУ – Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово – се вклучени во повеќегодишен реформски процес“, изјави Шолц пред пратениците во Берлин.

„Почитувањето на нашите обврски кон нив не е само прашање на нашиот кредибилитет. Денес, повеќе од кога било, нивната интеграција е во наш стратешки интерес“, рече тој, посочувајќи на влијанието на надворешните сили во регионот, вклучително и Русија.

Share
Scroll to Top