Украина може да смета на германската поддршка, но НАТО сигурно нема да војува со Русија, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.
Во Бундестагот побара поддршка од опозицијата за опремување на армијата.
„ Претседателе Зеленски, Украина може да смета на нашата помош“, рече сојузниот канцелар Олаф Шолц пред германскиот парламент. Тој потсети дека Германија од почетокот на војната испраќа оружје и воена опрема, за да учествува во невиден пакет санкции. Како што рече социјалдемократскиот канцелар, санкциите функционираат и постепено ќе се заоструваат.
Шолц додаде дека слушнал гласови кои бараат НАТО да гарантира зона на забранети летови над Украина или да испрати мировници.
„ Колку и да е тешко, ние нема да ги исполниме тие барања“, рече Шолц. Мора да се избегне директна конфронтација меѓу НАТО и Русија, додаде тој: „НАТО нема да стане страна во војната“.
Според Шолц, рускиот претседател Владимир Путин во моментов ја уништува иднината на својата земја.
„ Путин мора да ја слушне вистината за војната во Украина“, рече тој, „а таа вистина е: Војната ја уништува Украина. Но, војната ја уништува и иднината на неговата земја“. НАТО и ЕУ се обединети како никогаш досега, рече Шолц.






