Карлос Албукерки е 75-годишник од Кордоба, кој се наоѓа во центар за рехабилитација и се лекува од корупција.
Шпанецот е осуден на четири години затвор за проневера на дури 400.000 евра. Сега ќе помине 11-месечна програма за рехабилитација на корумпирани шпански службеници пред да се врати во општеството.
Тоа е програма воведена од шпанската влада за поддршка на нејзината програма за реформа на корумпираниот јавен персонал.
„ Она што ми преостана во животот е да ја поправам штетата што ја предизвикав“, вели Карлос, кој ќе биде подложен на психолошки преглед на 32 сесии во затворот каде што ја издржува казната. Тој заедно со група корумпирани колеги ќе имаат групни сесии на теми како што се „лични способности“ и „вредности“. Тоа ќе биде дел од експериментот започнат во март годинава во девет шпански затвори.
Програмата им е понудена на повеќе од 2.000 осудени јавни службеници и покажува, велат нејзините творци, дека Шпанија верува во давање втора шанса.
Патем, во Шпанија, корупцијата во државниот апарат сочинува пет проценти од сите криминални активности во земјата. Според перцепцијата на граѓаните за нивото на корупција, таа не стои многу полошо од другите европски земји.