Шпанскиот премиер: Нападите врз Иран се голема грешка

Шпанскиот премиер: Нападите врз Иран се голема грешка

пред 14 часа

Шпанскиот премиер, Педро Санчез, повторно ги критикуваше нападите на САД и Израел врз Иран, опишувајќи ги како „извонредна грешка“ што не е во согласност со меѓународното право, објавува The Guardian.

Санчез рече дека во односите со Соединетите Американски Држави, лојалната соработка треба да преовладува над „кофронтацијата, по тензиите предизвикани од противењето на Мадрид на Вашингтон да користи шпански бази за напад врз Иран.

„Меѓу сојузничките земји, добро е да се помогне кога другиот е во право, но треба да им кажеме и кога грешат или прават грешка, како што е случајот овде“, рече тој попладнево на заедничката прес-конференција со португалскиот премиер Луис Монтенегро.

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот остро ја критикуваше Шпанија, нарекувајќи ја „ужасен“ сојузник и заканувајќи се дека ќе ја прекине целата трговија со Мадрид. Тој ги повтори своите критики кон Шпанија во интервју за „Њујорк пост“ вчера, нарекувајќи ја „губитник“.

 

фото/Depositphotos

Текстот Шпанскиот премиер: Нападите врз Иран се голема грешка е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top