Шпанци спасиле 86 африкански мигранти – меѓу нив имало и едно дете

пред 3 години

Шпанската спасувачка служба денеска спасила 86 африкански мигранти, кога наишла на два чамци на кои се наоѓале во морето јужно од островот Гран Канарија

Меѓу мигрантите имало 16 жени и едно дете, известила спасувачката служба и констатирала дека сите се во добра здравствена состојба и на пат кон пристаништето во Гран Канарија, пренесоа агенциите.

Ангел Виктор Торес, премиерот на Канарските острови, една од 17-те автономни провинции на Шпанија, ја повика вчера владата во Мадрид на рамномерна распределба на мигрантите.

Торес рече дека сместувачките капацитети на Канарските острови веќе не се доволни, бидејќи доаѓањето на мигрантите продолжува.

На Канарските острови има повеќе од 2.600 емигранти кои пристигнале со брод.

Во договор со шпанската влада, 208 деца без придружба ќе бидат испратени во континентална Шпанија, каде што ќе бидат рамномерно распоредени меѓу провинциите.

Торес истакна дека тоа не е доволно и повика на поголема солидарност.

Share
Scroll to Top