Ќе ја направиме Америка поголема и посилна од кога било, вели Трамп

Ќе ја направиме Америка поголема и посилна од кога било, вели Трамп

пред 3 часа

Американскиот претседател Доналд Трамп, во пресрет на одбележувањето на 250-годишнината од независноста на САД, одржа говор пред споменикот Маунт Рашмор, каде што предупреди на, како што рече, „комунистичка закана“ од прогресивното крило на Демократската партија.

Обраќајќи им се на присутните пред споменикот со ликовите на четворица американски претседатели, Трамп порача дека САД мора да останат силна и слободна држава.

„Стоиме пред овие американски великани и повторно се обврзуваме да бидеме голема, храбра и силна нација. Тоа не е лесно, но ќе успееме“, рече Трамп.

Тој оцени дека во земјата повторно се појавува „комунистичка закана“, додавајќи дека дел од новодојдените имигранти прифаќаат идеи што, според него, се спротивни на американскиот начин на живот.

„Нема да дозволиме тоа да се случи. Америка никогаш нема да биде комунистичка земја“, изјави американскиот претседател.

Во говорот ја повтори и својата антиимигрантска реторика, наведувајќи дека лицата што нелегално престојуваат во САД треба да бидат протерани.

Трамп истовремено ги повика републиканците да останат обединети пред претстојните избори, оценувајќи дека неговата партија може да ги загуби само доколку самата си дозволи такво нешто.

Неговите изјави доаѓаат во период кога неколку прогресивни и демократски социјалистички кандидати остварија победи на внатрепартиските избори на Демократската партија во повеќе американски сојузни држави, што републиканците го користат како аргумент во политичката дебата пред изборниот циклус.

Текстот Ќе ја направиме Америка поголема и посилна од кога било, вели Трамп е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top