Џонсон: Вакцината на „Aстразенека“ е безбедна и ефикасна

пред 4 години

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, изјави дека вакцината против Ковид-19 на „Aстразенека“ и Универзитетот „Оксфорд“ е безбедно и исклучително ефикасна, пренесува АФП, потсетувајќи дека неколку земји привремено ја прекинале употребата на вакцината под сомнение дека предизвикале сериозни несакани ефекти.

„Тоа е вакцина која е безбедна и дејствува исклучително добро“, изјави Џонсон за „Тајмс“, истакнувајќи дека релативно лесно се дистрибуира.

Во Велика Британија е во тек масовна кампања за вакцинација, а 24,5 милиони луѓе ги примија првите дози вакцина на „Aстразенека“ или „Фајзер/Бионтек“ од декември досега. Тоа се моментално двете достапни вакцини во Велика Британија.

Експертите на Светската здравствена организација (СЗО) во вторник ќе разговараат за безбедноста на вакцината на „Aстразенека“.

Share
Scroll to Top