Авион од типот „Цесна 208 Караван“ се урна југозападно од главниот град на Јужен Судан, Џуба, при што загинаа сите 14 лица што се наоѓале во леталото, соопшти Цивилната воздухопловна власт на Јужен Судан, пренесе Ројтерс.
Авионот на компанијата „Ситилинк Авијејшн“ полетал од Јеји вчера во 9:15 часот по локално време, а контактот со контролата на летање бил изгубен во 9:43 часот додека бил на пат кон меѓународниот аеродром во Џуба.
Во авионот имало 13 патници и еден пилот, меѓу кои двајца државјани на Кенија и 12 државјани на Јужен Судан.
Според првичните извештаи, до несреќата најверојатно дошло поради лоши временски услови и слаба видливост.
Спасувачки екипи, вклучително и тимови на Црвениот крст на Јужен Судан, биле испратени на местото на несреќата, кое се наоѓа околу 20 километри југозападно од Џуба.
Текстот Авион се урна во Јужен Судан, загинаа сите патници и пилотот е превземен од МАКФАКС.




