Австриец се заканил дека ќе убива невакцинирани луѓе

пред 2 години

47-годишен жител на австрискиот град Велс преку социјалните мрежи се заканувал дека ќе ги убие сите невакцинирани луѓе.

Според полициското соопштение, тој за да ја подвлече својата закана се сликал со пиштол, а таа фотографија ја поставил во прилог на објавата.

На распитот рекол дека жали за заканата на социјалните мрежи.

Објаснил дека е лут што мора да се вакцинира, а и покрај тоа да се придржува до сите мерки, додека општеството не може да се врати во нормала поради невакцинираните.

Против него е поднесена кривична пријава до Обвинителството на Велс и му е изречена забрана за поседување оружје.

Share
Scroll to Top