Австрискиот претседател Александар ван дер Белен се надева на примирје во Украина, но стравува дека ситуацијата во таа земја нема толку брзо да се смири.
„ Убеден сум дека овој конфликт ќе го ставиме под контрола“ изјави Ван дер Белен за јавниот сервис ОРФ, додавајќи дека не се осмелува да го спомене временското ограничување.
Најважно е, посочува, војната да заврши, да се договори примирје и да почнат преговорите.
„ Двете страни мора да бидат свесни дека секоја понатамошна ескалација мора да се спречи“, рече Ван дер Белен, истакнувајќи дека директната интервенција ќе претставува непроценлив ризик.
Тој ја истакна важноста од добра организација на земјите од ЕУ.
„ Да ја немаше ЕУ, ќе имаше хаос“ нагласи Ван дер Белен, додавајќи дека рускиот претседател Владимир Путин успеал во нешто што ЕУ долго време не успеала да го постигне, а тоа е брзата и решителна акција на Унијата.
„ Тоа е неочекувана последица од оваа војна. Истото може да се каже и за НАТО“ рече тој.
Ван дер Белен рече дека не може да замисли дека ќе има напад на Украина и оцени дека руското население секако не ја поддржува оваа војна.
Ова, како што посочи тој, не само што убива луѓе и ја уништува земјата, туку ја уништува и довербата на Запад и Русија.
Ван дер Белен ја поздрави одлуката на владата да обезбеди поголем буџет за армијата. Во исто време, тој одби да се откаже од неутралноста на земјата.
Кога станува збор за пристапувањето на Украина во ЕУ, тој смета дека тоа би било прерано.