Австриски министер: Борба меѓу два модели на живот на Западен Балкан

пред 3 години

Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг вели дека односите на ЕУ со Западен Балкан не смеат да бидат сведени само на процесите на пристапните преговори, туку дека на регионот мора да му се даде опиплива перспектива на повеќе начини.

Пред стратешката дебата на министрите на ЕУ за Западен Балкан, Шаленберг предупредува на борба меѓу два модели на живот во регионот.

„Едниот е европски модел, а другиот може да дојде однадвор ако му свртиме грб на Западен Балкан и се создаде вакуум што ќе се почувствува брзо и кој нема да биде во наш стратешки интерес“, нагласува Шаленберг.

Неговиот словенечки колега, Анзе Логар, вели дека официјална Љубљана го поддржува ставот дека Западен Балкан има стратешка вредност за ЕУ.

Пред состанокот на Советот на ЕУ, Логар објави дека Словенија ќе организира неформален самит за Западен Балкан на почетокот на октомври.

Share
Scroll to Top